Црна хроника
Забележано тело на давеник во Вардар кај Карпош
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/vardar-gazi-baba.png)
Во близина на пешаки мост во Карпош, во водите на реката Вардар, вчера било забележано тело на давеник.
Полициски службеници и екипа од противпожарната единица Скопје излегле на местото, известени се ЦУК и ДЗС и се преземаат мерки за пронаоѓање и вадење на телото односно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
МВР приведе лихвар: давал заем, па наплатувал огромна камата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/lihvarstvo.png)
Полициски службеници од СВР Битола вчера во 17:10 часот во Битола го лишиле од слобода К.С.(50) од Битола поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе следува соодветна пријава.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, кај него биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени.
-На 05 февруари 2025 година во СВР Битола, С.К.(45) од Битола пријавил дека во периодот од мај 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил неговата тешка имотна состојба и во повеќе наврати му дал пари на заем, а за услугата му наплатувал несразмерна камата. Исто така, на 07.02.2025 во СВР Битола, В.Р.(58) од Битола пријавила дека од октомври 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил нејзината тешка имотна состојба и во повеќе наврати ѝ дал пари на заем, а за услугата ѝ наплатувал несразмерна камата, посочуваат од Министерството.
Црна хроника
Работник е тешко повреден откако со возило се преврте во каменолом во Росоманско
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/Kamenolom.jpg)
Работник бил тешко повреден вчера во каменолом во Росоманско, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Вчера во 11.45 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во каменолом во близина на село Дебриште, општина Росоман, К.К.(61) од Кавадарци, додека вршел работни задачи, управувал товарно возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, возилото се превртело. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, соопштија од СВР Велес.
Црна хроника
Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/obvinitelstvo.jpg)
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Осомничениот 54-годишник, во двор од куќа во Велес неовластено за продажба држел речиси 11 килограми опојна дрога опиум спакувана во повеќе помали пакувања. Дрогата му била пронајдена и одземена при претрес.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот со цел негово обезбедување во текот на постапката.