Црна хроника
Забраната за движење ја прекршиле 49 лица

49 лица ја прекршиле забраната за движење од вчера во периодот од 20 часот до утрово во 5 часот, информира Министерството за внатрешни работи.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија за мерката за носење лична заштита на лицето регистрирани се 512 прекршоци, додаваат од МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел спречување ширење на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Управувал мопед со 2,14 промила алкохол во крвта: уапсен гостиварец

Вчера во 14.58 часот на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Е.С.(68) од Гостивар.
Тој управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Ја претепал сопругата во ноќен клуб: уапсен охриѓанец

Утрово во 09.15 часот, од слобода е лишен С.Г.(35) од Охрид.
Тој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга.
Полицијата соопшти дека против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Мотоциклист усмрти пешак во Скопје

Седумдесет и двегодишен пешак загина во сообраќајна несреќа во Скопје. Во него удрил мотоциклист кој е уапсен.
Според информациите на МВР, вчера околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски национални ознаки, управуван од М.О.(22) од Скопје, удрил во пешакот К.Г.(72) од Скопје.
Во несреќата на местото на настанот починал пешакот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител возачот е приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.