Црна хроника
Запленета дрога при претрес во Битола
При извршен претрес во домот на лицето П.Б(31) во помошни простории, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје СВР Битола, пронашле дрога.
При претресот, биле пронајдени и одземени хероин, амфетамин, марихуана и семки од марихуана.
П.Б. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од министерството за внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Драма во кумановско: Удрил полицаец со автомобил и избегал, испалени неколку куршуми во бркотницата
Полицијата уапси жител на кумановско Романовце, не почитувал наредба, со возило удрил и физички нападнал полициски службеник, а се обидел и да побегне.
Вчера во 23:30 часот во с.Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ч.(28) од с.Романовце.
Околу 22:30 часот во с.Отља, липковско, тој не застанал на даден знак за запирање и со возилото „ауди а3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник и продолжил со движење.
Во близина на село Романовце тој застанал, го напуштил возилото и почнал да бега, по што еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во воздух. Набргу е стигнат и фатен, при што пружал отпор и физички нападнал полициски службеник.
С.Ч. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција
Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на возраст од два месеци, извести СВР Велес.
– Бебето било хоспитализирано на 12.01.2026, но починало, и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, соопшти СВР Велес.
Црна хроника
Уапсен маж од Валандовско: управувал возило под дејство на алкохол
Вчера во 13:06 часот во село Јосифово, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово го лишија од слобода 46-годишниот Г.К. од село Јосифово.
При сообраќајна контрола во село Јосифово е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,28 промили алкохол во крвта.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

