Црна хроника
Запленети режан тутун и пиротехника: нелегално се продавале на Бит Пазар, Зелен Пазар и пазарите во Тетово и Ченто
Денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за економски криминал и корупција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со царински службеници од Секторот за контрола и истраги при Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат на повеќе локации во Скопје спроведоа мерки и активности за сузбивање на криумчарење на акцизна стока и избегнување на давачки за продажба на режан тутун и производи од тутун без акциза и платени давачки.
При контролата на Бит Пазар во Скопје констатирано е дека повеќе физички лица на импровизирани тезги вршат недозволена продажба на режан тутун, а со тоа избегнуваат плаќање акциза, како и поголема количина на пиротехнички средства, кои се одземени и по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, како и глоби од пазарните инспектори.
Голема количина режан тутун и цигари се одземени и од пет физички лица кои вршеле продажба на импровизирани тезги пред зелениот пазар во Тетово, како и кај две лица на пазарот во населбата Методија Андонов Ченто во Скопје.
На Зелен пазар во Скопје пак се одземени околу 180 килограми режан тутун, за што исто така ќе следуваат соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тинејџерка натепана од партнерот во Чаир
Деветнаесетгодишна девојка пријавила дека пред два дена околу 23.00 часот во домот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер А.С.(21), кој употребил и тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка
Дваесет и четиригодишна девојка од Крива Паланка била нападната од речиси тројно повозрасна скопјанка, кај којашто престојувала под кирија.
„На 10.05.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје Т.Н.(24) од Крива Паланка пријавила дека околу 12.30 часот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од О.С.(67), кај која престојувала во нејзиниот дом под кирија“, објави МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање
Сопружници биле нападнати вчера во Аеродром од страна на роднинска брачна двојка, а поради нерасчистени имотно-правни односи.
Според информациите во полицијата, честворицата се на возраст од 45 до 51 година.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.