Црна хроника
Скопјанец предизвикал пожар и ги оштетил топловодот и конструкцијата на мостот „Беласица“
СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, денеска, до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против И. Х. (37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело тешки дела против општата сигурност по член 292, а во врска со кривично дело предизвикување општа опасност по член 288 од Кривичниот законик.
Имено, по преземените мерки, подигнати докази, извршени вештачења и разговори со повеќе лица било утврдено дека на 11.5.2023 под мостот „Беласица“ пријавениот предизвикал пожар на т.н. просторија за компензација на топловодот, кој се проширил на термичката изолација и на топловодните цевководи, кои се дел од топлификациска мрежа на „ЕСМ – Снабдување со топлина“, при што се предизвикани топлински оштетувања на наведениот топловод, како и видливи оштетувања на конструктивните елементи на мостот.
Инаку, пријавениот И. Х. од 12.9.2023 се наоѓа на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ за сторено кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три лица повредени во сообраќајна несреќа на локалниот пат Куманово – с.Романовце
Вчера околу 15:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с.Романовце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(25) од Скопје и патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (29) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобиле С.М. и неговиот сопатник Ф.С., констатирани во Општата болница Куманово.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Скопјанец во дворот пронашол залутано зрно од огнено оружје
Вчера во 11.20 часот во СВР Скопје, Д.С.(73) од Скопје пријавил дека во дворот од семејната куќа на подрачјето на Драчево пронашол залутано зрно од огнено оружје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Црна хроника
35-годишен кавадарчанец му се заканувал на градоначалникот на општината
Закани од 35 годишен кавадарчанец добил градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Вчера во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.