Црна хроника
Затворен угостителски објект во Гостиварско, приведени сопственикот и странски државјанки
Угостителски објект во село Неготино, Гостиварско, бил затворен, а приведени се сопственикот и странски државјанки кои во моментот биле затекнати во објектот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од таму, синоќа во 20:30 часот, полициски службеници од Гостивар, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во с.Неготино, Гостиварско, сопственост на С.Т.(21) од с.Неготино.
При контролата во објектот биле затекнати 30 лица гости, бенд со четири изведувачи и 13 женски лица (пет странски и осум македонски државјанки) кои ги забавувале гостите и било констатирано дека не биле почитувани протоколите за спречување на ширењето на Ковид 19.
Притоа, сопственикот на објектот се однесувал агресивно и се заканувал на полициските службеници и инспекторите од Државниот пазарен инспекторат.
Тој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „загрозување на сигурноста“.
Во полициска станица биле приведени и странските државјанки(две од Косово, две од Албанија и една од Србија) поради злоупотреба на туристичкиот престој.
Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.
Црна хроника
Гостиварец ја позајмил колата од негов братучед и ја продал за 4.500 евра
Гостиварец ја позајмил колата од братучед му и без негово знаење ја продал за 4.500 евра.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 26.09.2025, пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф“ од негов братучед, а потоа го продал за 4.500 евра на друго лице од Скопје.
Топ
Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница
Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил.
Според информациите на МВР, вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

