Црна хроника
Затекнати гости во пекарница во Гостивар, сопственикот приведен

Полицијата затекна гости во пекарница во Гостивар, а сопственикот е приведен.
Според информациите на МВР, утрово, во 10.05 часот, полициски службеници го привеле И. Е. (48) од с. Форино, сопственик на пекарница на улицата Илинденска, постапувајќи по претходна пријава дека во локалот има гости што биле послужувани.
Тој бил приведен во полициска станица и ќе биде поднесена соодветна пријава, а од страна на Државен пазарен инспекторат локалот бил пломбиран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две деца повредени во сообраќајка во село Дебреште

Синоќа пред полноќ во СВР Тетово било пријавено дека во село Дебреше се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл арора со гостиварски регистерски таблички управувано од малолетник од селото и патничко возило форд фиеста со гостиварски таблици, управивано од А.Ф.
Во незгодата тешко бил повреден малолетникот кој што го управувал мотоциклот како и неговиот 15 годишен сопатник од село Добри Дол, гостиварско, а констатирани во Ургентниот центар Гостивар. Увид на лице место по овластување на јавен обвинител извршила екипа од ОВР Гостивар.
Топ
Ја убил сопругата, па го фатиле на Табановце

МВР соопшти дека попладнево околу 17 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Н.А. (38) од Скопје, под сомнение за сторено кривично дело убиство.
Според МВР, денеска околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејната куќа во Скопје, Н.А. со остар предмет и нанел повреди на неговата сопруга Р.А., од кои таа починала, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Н.А. избегал, но веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање и околу 17 часот тој е лишен од слобода и во координација до јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава.
Топ
Обид за убиство и насилство во кочанското село Тркање

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело убиство во обид по чл.123 ст.1 а во врска со чл.19 од КЗ на РСМ поднесе кривична пријава против И.М. (30) од село Тркање кочанско. Исто така поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело насилство по член 386, став1 од КЗ на РСМ кривична пријава е поднесена и против лицето Б.М (35) исто така од село Тркање.
Како што МВР веќе ја информираше јавноста вчера околу 00:00 часот пред продавница во село Тркање, додека група лица седеле пред продавницата дошле браќата И.М и Б.М по што без никаков повод и причина најпрвин лицето И.М го нападнал лицето Ж.Б со повеќе убоди од нож, нанесувајќи му тешки телесни повреди, а кога другите лицата пред продавницата се вмешале за да ја смират ситуацијата, лицето Б.М исто така со нож во раката замавнувал наоколу при што нанел повреди на две лица, а неговото дејствие предизвикало чувството на страв и несигурност кај другите лица.
Од страна на ОВР Кочани веднаш е постапено по пријавениот настан преземени се сите потребни мерки и дејствија по што се обезбедени лицата кои го извршиле немилиот настан.
Извршен е увид на местото на настанот, извршени се службени разговори со сите лица инволвирани во истиот, а пронајдени се предметите со кои е извршено кривичното дело.