Црна хроника
За незаконит лов приведени две лица од Кочанско

Вчера, по преземените мерки и добиени оперативни сознанија, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода Д. Ј. (35) од с. Чешиново и А. М. (18) од с. Облешево, општина Чешиново – Облешево, поради постоење основи на сомнение дека во атарот на с. Спанчево сториле кривично дело незаконит лов.
Во врска со случајот повикан бил А. Ј. (57) од с. Чешиново.
Кај А. Ј. и Д. Ј. биле пронајдени и привремено одземени три ловечки пушки.
Запознаен е јавен обвинител и по целосното комплетирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, најавија надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прегазена 68-годишна жена од Скопје

Во СВР Скопје синоќа околу 19.15 часот било пријавено дека на ул.„Лука Геров“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Б.(70) од Скопје, удрило во пешакот М.С.(68) од с.Волково, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Момче и девојка претепале таксист во Аеродром

Денеска во 03.52 часот во СВР Скопје, М.Н. 63-такси возач од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром едно машко и едно женско лице не му платиле за такси услугата.
Tие според пријавеното и физички го нападнале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.
Црна хроника
Претепан малолетник во скопско Марино: друго момче го снимало настанот на мобилен

Синоќа во 22.10 часот во СВР Скопје, В.Б.(55) од с.Марино, скопско, пријавил дека во с.Марино, неговиот малолетен син бил физички нападнат од еден малолетник, додека друг малолетник настанот го снимал со мобилен телефон.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот