Црна хроника
За четири дена, 1.571 санкција за пребрзо возење
Во текот на празничниот продолжен викенд (31.12/3.1) Министерството за внатрешни работи спроведе засилени контроли за санкционирање на сообраќајните прекршоци. За четири дена, изречени се 2.987 мерки, од кои за возење со поголема брзина од дозволеното 1.571, возење под дејство на алкохол – 205, нерегистрирани возила – 150 и 243 за возење без возачка дозвола.
Кај санкционираните за пребрзо возење, дури 100 возачи возеле со брзина од над 70 километри на час над пропишаната, а 250 возачи возеле од 50 до 70 километри на час побргу од пропишаната брзина. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли и во наредниот период. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и зааеднички да придонесеме за безбедност на улиците и патиштата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.