Контакт

Црна хроника

Обвинение против шестмина членови на организирана група за криумчарење мигранти

Објавено пред

По спроведена истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење  организиран криминал и корупција поднесе обвинение до Основниот кривичен суд во Скопје против шест лица.

dobivaj vesti na viber

Тие се товарат дека како организатори и членови на група сториле кривично дело организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно дете и криумчарење мигранти.

Како што се наведува во соопштението, во период од декември 2019 година до октомври 2020 година со умисла и од користољубие браќата Р.В. (27) и Д.В. (26) организирале група за вршење кривични дела  криумчарење мигранти, а припадници на организираната група станале А.А (28), В.Д. (22) и И.М. (27). Организаторите го договарале пренесувањето на илегалните мигранти, при што кон непознати лица од Р Грција и Кумановско-липковскиот Регион испраќале СМС-пораки со внесени GPS-координати на локации од околината на Дојран, Струмица и Гевгелија од каде обвинетите А.А., В.Д. и И.М. ги прифаќале илегалните мигранти од територијата на Р Грција и ги превезувале до договорените локации во Кумановско-липковскиот Регион. Таму мигрантите во организација на непознато лице кое престојувало во Кумановско – липковскиот Регион биле времено сместувани и засолнувани во објекти на непознати лица, соработници и помагачи на организираната криминална група, а потоа биле пренесувани преку територијата на Р Србија кон државите на ЕУ.

Припадник на организираната група била и обвинетата Д.К.(21), која во тој период била во врска со еден од организаторите и телефонски контактирала со лица организатори и членови на организираната криминална група, договарала и обезбедувала парични средства за успешно криумчарење на групи на илегални мигранти. Воедно, својата телефонска линија и интернет-комуникација ја давала на располагање и на Р.В. за остварување контакти со организатори и членови на организираната криминална група при договарање, планирање, подготвување и реализирање на криминалните активности поврзани со криумчарење мигранти.

Во наведениот период оваа криминална група во повеќе наврати прифаќала и превезувала илегални мигранти со различни патнички и товарни моторни возила адаптирани за превоз на повеќе лица и со лажни регистарски таблички. Во неколку наврати како резултат на полициските патроли, членовите на групата задолжени за превезување  мигрантите исплашени да не бидат откриени бегале и ги оставале возилата со мигрантите. На тој начин во три одделни случаи во напуштените возила се пронајдени 94 илегални мигранти.

Групата работела и надвор од границите на нашата држава, па така во јануари минатата година од страна на обвинетиот Р.В. на територијата на Р Грција било организирано прифаќање и безуспешно превезување на 13 лица илегални мигранти, кога од страна на грчката гранична полиција биле приведени двајца македонски и еден српски државјанин. Во кривично правниот настан во улога на т.н. „чистач“ учествувал обвинетиот Р.В. кој успеал да избега, но пасошот му останал во запленетото возило, за што ја известил обвинетата Д.К. Таа и неговото семејство направиле план како безбедно да го вратат во РС Македонија. Така, мајката на обвинетите Р.В. и Д.В. заминала за Р Грција со патната исправа на обвинетиот Д.В. со намера обвинетиот Р.В. со неа да оствари излез од Р Грција. Поради опасноста да биде откриен и фатен доколку ја даде на увид патната исправа на неговиот брат на граничните премини, обвинетиот Р.В. договорил да дојде неговиот татко и заедно илегално да ја поминат државната граница. Обвинетата Д.К. со своето ПМВ марка „фолксваген голф“ го превезла таткото до одредена локација на територијата на Р Грција во близина на ГП Евзони, каде се сретнал со Р.В. и илегално се вратиле на територијата на РС Македонија. Двајцата биле прифатени од страна на обвинетиот Д.В. и уште едно лице и заедно со ПМВ „ауди 6“ се упатиле кон нивниот дом. Возилото било забележано како сомнително во близина на македонско-грчката граница и биле запрени од страна на полицијата на која одбиле да се легитимираат и го стартувале возилото со голема брзина, по што биле следени до нивниот дом во с.Стојаково.

Нелегално стекнатите парични средства од извршување на кривичните дела извршени на територијата на Р Грција и РС Македонија, обвинетите ги вложувале во отворање легални бизниси со купување товарни и приклучни моторни возила за вршење транспорт, како и недвижности на подрачјето на с. Стојаково.

Обвинителството заедно со обвинителниот акт достави и предлог-мерка притвор определена од судија на претходна постапка против обвинетите Р.В, Д.В и И.М и мерката куќен притвор определен од Кривичниот совет против обвинетата Д.К да се продолжат, а на обвинетиот В.Д. определената мерка притвор да му се замени со мерка куќен притвор. Притоа беа земени предвид околностите дека доколку им биде овозможено на обвинетите да се бранат од слобода, може да се кријат или да побегнат со цел да ја избегнат кривичната одговорност, дотолку повеќе што начинот и мотивот на извршување на кривичното дело укажуваат на постоење на меѓународен елемент во извршувањето и поврзаност на извршители од повеќе земји, па напуштањето на земјата за обвинетите нема да претставува проблем. Воедно, бидејќи се работи за добро организирана криминална група, со поделени улоги меѓу обвинетите, со цел овозможување на значителна материјална корист, обвинетите можат да се кријат на територијата на РС Македонија, како и реално може да се очекува дека ќе го повторат кривичното дело.​



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце

Објавено пред

Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Топ

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Објавено пред

Радовишанец со месеци силувал малолетничка

dobivaj vesti na viber

Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз

Објавено пред

Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија6 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија7 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија9 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија12 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ13 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија14 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија16 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија16 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија16 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија16 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија17 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија1 ден

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија1 ден

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија1 ден

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија1 ден

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија1 ден

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија1 ден

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...