Топ
Злетовец голтнал прашок за да го скрие од полицијата по што починал

На Граничниот премин Делчево за влез во државава, во вечерните часови на 14. декември се пријавил 32-годишен злетовец. Тој управувал автомобил „мини купер“ со бугарска национална ознака, а како совозач со него било 18-годишно лице од Пробиштип.
Службениците на граничниот премин извршиле преглед над лицата и на нивниот личен багаж, при што кај злетовецот била пронајденa кесичка со непозната прашкаста материја. Додека траела постапката на царинските службеници, во еден момент 32-годишникот ја земал кесата ја скинал најлонската фолија и непознатата материја ја голтнал.
Веднаш била повикана екипа на Итна медицинска помош и злетовецот бил префрлен во Здравствен дом Делчево, каде по неколку часа починал.
Од МВР информираат дека за случајот известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
21-годишно момче загина а две лица се тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Денеска (28.08.2025) околу 00:10 часот во СВР Велес, е пријавено дека на локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.А.(22) од Градско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20) сите од Градско и Х.Л.(22) од с.Ногаевци, општина Градско, констатирани во Општата болница Велес.
Од здобиените повреди починал Љ.О., а од страна на лекар констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Топ
Битолчанец се удавил во водите на Охридското езеро

Вчера во 12.55 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро бил пронајден починат В.Т.(49) од Битола.
Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на давење во вода.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга, а по наредба на Јавен обвинител по извршената обдукција телото е предадено на семејството.
Македонија
Мицкоски до Филипче: Време е да бидат конструктивна опозиција, растот на нето-платата сега е двојно поголем во однос на периодот на Владата на СДСМ

„Добро е да се направи споредба меѓу параметрите што ги прават СДСМ и ДУИ кога тие беа во Владата седум години во периодот јуни 2017 до мај 2024 година, кога порастот на реалната нето-плата што ја зедоа вработените во Македонија беше околу 3,5 проценти и оваа една година на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата односно од јуни 2024 до јуни 2025 кога реалниот пораст на нето платата е 6,5 проценти“, одговори денес претседателот на Владата Христијан Мицкоски на вчерашните обвинувања од страна на претседателот на СДСМ Венко Филипче.
„Математички, но и било како гледано, 6,5 отсто е речиси двојно повеќе од 3,5 проценти. Селективниот пристап и ваквиот тип на политика на СДСМ донесе резултати во Македонија како што бевме сведоци изминатите седум години катастрофални и уништувачки. Но она што е поважно и мој совет до раководството на СДСМ е дека тие со ваквиот селективен пристап ја уништија и сопствената партија, рече тој им порача дека СДСМ треба да е конструктивна опозиција, наместо да лиферува невистини.
Мој совет до СДСМ и до луѓето од раководството е дека тие со ваквиот селективен пристап ја уништија и сопствената партија. Мојот совет е конечно да бидат конструктивна опозиција, наместо да спинуваат и да лиферуваат навистина да почнат да предлагаат нешто коешто ќе значи подобар живот за граѓаните, но и за нас како Влада ќе претставува нешто што е предизвик којшто ние би го прифатиле и би го имплементирале во нашите политики, со еден збор да бидат конструктивна опозиција бидејќи тоа е она коешто им е потребно денеска на граѓаните.“