Црна хроника
Избегал со „бмв“ без да му плати на претходниот газда, а потоа го продал на друг

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф. С. од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело измама.
Како што информираат од МВР, на 4 декември минатата година кај нотар во Прилеп осомничениот и В. К. (43) од Дебар склучиле купопродажен договор за автомобил „бмв“, сопственост на дебранецот.
По излегувањето од нотарската канцеларија, скопјанецот влегол во возилото и заминал без да му даде пари на В. К..
Три дена подоцна, на 7 декември минатата година, Ф. С. автомобилот го продал на лице од Скопје со купопродажен договор склучен кај нотар во Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајден хашиш кај Италијанец на паркинг на Средно Водно, одреден му е притвор

Вчера околу 21:00 часот на паркинг простор на Средно Водно од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен 27-годишниот Л.Т. од Република Италија. При извршен преглед кај него е пронајден хашиш.
Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против Л.Т. е поднесена кривична пријава по итна постапка до надлежен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка 30-дневен притвор во КПУ Скопје.
Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица

Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија.
Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.