Црна хроника
Изгаснат пожар во канцелариите на Хидрометеоролошки завод, повредени нема

Во текот на вчерашниот ден во 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во канцелариите на Хидрометеоролошки завод настанал пожар.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсени три лица од Кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода 24-годишниот З.Ф., 19-годишниот С.Ф. и 44-годишниот С.Ф. од село Луке, кривопаланечко.
Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат. Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во село Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово.
По насока на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Штипјанец удрил во паркирано возило и избегал: полицијата го пронајде и го уапси

Денеска околу 00.20 часот во Штип, полициски службеници од ПС БПС Штип го лишиле од слобода 40-годишниот Е.А. од Штип, извести МВР.
Е.А. на 01.04.2025 околу 22.40 часот во Штип со патничко возило „сеат“ со штипски регистерски таблички удрил во паркирано возило и го напуштил местото на настанот.
По преземени мерки од страна на полициски службеници, Е.А. е пронајден и лишен од слобода, а било констатирано дека има 1,77 промили алкохол во крвта и дека нема положен возачки испит.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ „Идризово“

Вчера во 16.30 часот на улица „168“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле 35-годишниот Ф.С. од Тетово, кој бил баран со потерница поради бегство од КПУ Идризово.
Ф.С. бил осуден на шест години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 215 и 396 од КЗ, а за доиздржување имал една година, 10 месеци и 6 дена.
Тој бил спроведен во КПУ Идризово за доиздржување на казната.