Црна хроника
Изгоре камп приколка на нива во Долно Лисиче, нема повредени
Во саботата попладне, околу 17:20 часот, во нива во атарот на селото Долно Лисиче, скопско, избувнал пожар во камп приколка во која престојувал 68-годишниот В.Н..
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во пожарот нема повредени лица, а огнот бил брзо изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
На местото на настанот бил извршен увид од екипа на СВР Скопје. Причините за пожарот се утврдуваат.
Фото: илустрација
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетни девојчиња нападнале врсничка во Чаир, додека ја удирале уште едно девојче снимало со телефон
Во Скопје е пријавен нов инцидент на малолетничко насилство, овојпат на подрачјето на Чаир, меѓу девојчиња.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 28-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзината малолетна ќерка била физички нападната од две врснички, кои ги познавала. Настанот се случил вчера, околу пладне.
Трето малолетно девојче, кое било присутно, со мобилен телефон го снимало целиот напад.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: Илустрација
Црна хроника
Скопјанка нападната од поранешниот партнер во Кисела Вода
Триесет и двегодишна жена од Скопје пријавија во полицијата дека околу 06:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер М.Т.(31) од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Малолетник уапсен во Струга, со нож тешко повредил 24-годишно момче од Вевчани
Синоќа околу 50 минути по полноќ, струшката полиција уапсила 17-годишно лице од селото Ташмаруништа, осомничено дека со нож тешко повредило 24-годишен маж од Вевчани.
Инцидентот се случил на улицата 15 корпус во Струга, по претходна расправија меѓу двајцата. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, малолетникот со нож го прободел М.П. (24), по што повредениот бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Општата болница во Струга, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

