Црна хроника
Изгоре куќа во Прилепско, сопственикот загинал
Триесет и осумгодишен маж загина во пожар што избил во неговата куќа.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 12 часот во село Браилово, Pрилепско, кога настанал пожар во куќа сопственост на Ј.Т.(38), при што тој починал на самото место.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Пожарот бил изгаснат, а причините се утврдуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
53-годишник почина по тепачка во Стар Дојран
Синоќа во 22:25 часот во село Сретеново, општина Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.Р.(55) од село Сретеново.
Претходно, во Стар Дојран настанала физичка пресметка помеѓу него и Н.Т.(53) од Богданци, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Гевгелија, каде подоцна починал.
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото на починатиот е дадено на обдукција.
Лицето, како што соопшти полицијата е задржано во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Загина 46-годишен маж од Струмичко: со возилото се превртел на патот
Вчера во 16:35 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Струмица, на место викано „Слобода“, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.В.(46) од с.Сушево, струмичко, се превртело на коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица и по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти полицијата.
Топ
Се соблекувал пред малолетнички и ги вознемирувал
31-годишник се соблекувал пред малолетнички информираат од полицијата.
Имено, надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против 31-годишник од ресенско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“.
На 29.09.2025, пријавениот се соблекувал пред две малолетнички и ги вознемирувал.

