Црна хроника
Излетал од патот во Скопје, сега е во животна опасност
Во понеделникот утрото, маж кој возел товарно возило, излетал од патот во Скопје, а од повредите со кои се здобил сега е во животна опасност, соопшти полицијата.
Имено, околу 7.10 часот утрото во понеделникот, во Скопје на ул. „Призренска 2“ се случила сообраќајна незгода во која товарно моторно возило „Пежо Партнер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С. (43) од село Кучевиште, од засега непознати причини изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Со возило на Итна медицинска помош З.С. е префрлен во Клинички центар Скопје каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
24-годишник ја претепал мајка му во Охрид
Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја истепала мајка си: уапсена 35-годишна жена од Охридско
На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена.
Полицијата постапила по претходна пријава дека таа физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет.
Според МВР, по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
12-годишно дете повредено во Центар – напаѓачот му го оштетил велосипедот
Во полицијата е пријавен напад врз 12-годишно дете што се случил на 11 ноември, околу 15:50 часот, во скопската општина Центар.
Според пријавата поднесена од Г.М. (39) од Скопје, неговиот син бил физички нападнат од лицето Б.Љ., кое по нападот со остар предмет му нанело расекотина и му го оштетило велосипедот.
Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.

