Црна хроника
Измамен гостиварец: за документи и работа во европска земја платил 8.000 евра, не добил ништо
Маж од Гостивар пријавил измама кога лице со кое комуницирал електронски му ветувало документи за престој и работа во европска земја, а за услугата му побарало и добило 8.000 евра.
Имено, според полицијата, 28-годишниот Џ. Ќ. од гостиварско село, вчера ,во 15 часот, во СВР Тетово пријавил дека едно лице со кое електронски комуницирал и кое му се претставило дека е од Гостивар му ветило дека нему и на уште две други лица ќе им обезбеди документи за престој и работа во европска земја и дека за таа услуга му побарало и добило 8.000 евра.
Но, по извесно време услугата не била извршена и тој сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се расчистува случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

