Контакт

Топ

Им ги врзувала рацете и нозете и така ги оставала во креветче: мајка од Гостивар обвинета за семејно насилство

Објавено пред

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против жителка на Гостивар со престојувалиште во Скопје за две кривични дела – запуштање и малтретирање дете од член 201 став 1 и две кривични дела – телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Од април годинава, 34-годишната обвинета како родител, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, ги запуштила и ги малтретирала своите две деца – едното родено 2017, другото 2019 година.

На децата им ги врзувала рацете, колената и стапалата со самолеплива лента и ги оставала да седат во таква состојба на стол или на нивните креветчиња додека била во станот. Со помалото дете комуницирала манифестирајќи вербална и физичка агресивност и не покажувала грижа за подобрување на неговата состојба, иако вештачењата извршени по наредба на јавниот обвинител утврдија дека станува збор за социјално и емоционално запуштено дете со психомоторна и психосоцијална зрелост под неговата реална возраст.

На 7 мај, при вршење семејно насилство, обвинетата телесно ги повредила своите деца. Додека остварувала видеоповик на социјална мрежа со својот вонбрачен партнер, видно вознемирена, почнала без никаков повод и причина да ги удира децата по нивните тела, со што им нанела телесни повреди – набиеници и подливи.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетата.​



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

Триесет милиони денари, три стана, земјиште и возила: замрзнат имот во Србија и Македонија на осомничен за злоупотреби во РЕК Битола

Објавено пред

Од

Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, упати итно барање до надлежните органи на Република Србија за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со лице осомничено за злоупотреби во РЕК Битола против кое беше поведена истрага на 9 октомври.

dobivaj vesti na viber

Јавното обвинителство соопшти дека од српските органи е побарано да забранат на правното лице од Белград, на неговиот управител или на друго лице во нивно име да ги отуѓува, оптоварува или да располага со моторните возила за кои постои сомнение дека се набавени и претставуваат посредна имотна корист од кривичните дела за кои е отворена истрага.

Дополнително, од српските власти е побарано да се обезбеди и да се отвори сеф за кој е утврдено дека осомничениот го поседува во една српска банка со цел да се провери неговата содржина.

Поднесените барања се прифатени и српското обвинителство издаде наредби за замрзнување на наведениот имот.

Освен ова, од сметките на осомничениот и неговата фирма во државава, која исто така е опфатена со истрагата, по барање на обвинителството се замрзнати околу 30 милиони денари, а обвинителството побара да се забрани и располагање на дополнителен движен и недвижен имот во државава – три стана во Скопје, парцела градежно неизградено земјиште и гаража стекнати во 2024 година, како и три товарни и едно патничко возило набавени во 2025 година, за кои постои сомнение дека претставуваат принос од казниво дело, односно имот кој во иднина може да е предмет на конфискација поради сторените кривични дела кои се опфатени со истрагата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Арсовска со реакција за фотографијата на Ѓорѓиевски, Меџити и Бакиу: Нека ви се честито дивоградбите, убаво сте излезени на сликава важно

Објавено пред

Од

Екс градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со реакција на социјалните мрежи за заедничката фотографија на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој влезе во вториот круг од изборната трка, со новоизбраниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и од кандидатот на коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу.

dobivaj vesti na viber

„🧱🚧🏗️🧱 + ѓубре. Нека ви се честито дивоградбите. Ликов многу сака да прави нарачки против мене, а не му е јасно дека, да организира многу напади врз мене некој што нема намера да работи чесно, не е баш паметно. За ѓубрето низ Скопје нека се обрати кај претседателката на Управен Одбор на Комунална Хигиена, Јулијана Спировска од ВМРО која е правосилно осуден криминалец за 2 (две) кривични дела и истата го УПРАВУВА ѓубрето и КХС веќе 4 години.
Сега ќе го исчистеле за 72 часа. Нормално дечко дека ќе го исчистите, затоа што од инат го правите хаосот, ти кога ќе дојдеш да си многу успешен и способен за 72 часа со чистење ѓубре, ЗА ДА МОЖЕШ НА ВИСТИНСКОТО ЃУБРЕ ДА МУ ГО КРИЕШ КРИМИНАЛОТ И ДА СИ ПРОДОЛЖИТЕ СО ДИВОГРАДБИТЕ.
ВМРО/ВЛЕН се власт во град Скопје 4 години
ВМРО/ВЛЕН можеа сѐ да изгласаат во советот каде се мнозинство, но не сакаа
ВМРО/ВЛЕН не дозволија нова механизација во Комунална хигиена Скопје
ВМРО/ВЛЕН не дозволија да има вработени чистачи и управувачи со механизација во Комунална хигиена Скопје
ВМРО/ВЛЕН со своите членови на Управен одбор 4 години го управуваат Комунална хигиена Скопје
ВМРО/ВЛЕН 4 години го управуваат ЈСП
ВМРО/ВЛЕН 4 години ги управуваат СИТЕ јавни претпријатија, јавни установи и училишта.
Убаво сте излезени на сликава важно“, напиша Арсовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДСМ 230 советника, што е помалку за 166

Објавено пред

Од

„ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори. Со 50% подобар резултат од 2021 година каде што имавме 22 градоначалници во прв круг, сега во прв круг доби градоначалници во 33“, велат од партијата.

dobivaj vesti na viber

„Историската победа во 33 општини во првиот круг е потврда за чесната работа и посветеност, реализирани проекти изминатата година и половина од Владата, така и од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ изминатите 4 години. На овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ победи и во бастионот на СДС – Струмица, каде со победата во прв круг, струмичани им кажаа збогум на лошите локални политики на Заев и неговите марионети. Делчево, Берово и Старо Нагоричане се општини каде што локалната власт ја водеше СДС и каде што граѓаните, кадрите на дуото Заев-Филипче ги испратија во “пензија”“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека на изборите добиле околу 325.000 гласови за градоначалници, а на советничките листи приближно до 302.000 гласови.

ВМРО-ДПМНЕ победи во следните 33 општини: 1.Берово, 2.Битола, 3.Босилово, 4.Бутел, 5.Василево, 6.Вевчани, 7. Велес, 8.Гази Баба, 9.Гевгелија, 10.Ѓорче Петров, 11.Градско, 12.Делчево, 13.Демир Хисар, 14.Зелениково, 15.Илинден, 16.Јегуновце, 17.Кавадарци, 18.Карбинци, 19.Кисела Вода, 20.Кратово, 21.Новаци. 22.Ново Село, 23.Охрид, 24.Петровец, 25.Пехчево, 26.Прилеп, 27.Радовиш, 28.Ресен, 29.Свети Николе, 30.Сопиште, 31.Старо Нагоричане, 32.Струмица и 33.Штип.

Од партијата велат дека имаат водство во Валандово, Дојран, Конче, Демир Капија, Неготино, Виница, Зрновци, Македонска Каменица, Кочани, Чешиново-Облешево, Пробиштип, Ранковце, Карпош, Аеродром, Брвеница, Македонски Брод, Кичево, Дебрца, Могила и градот Скопје, каде што Орце Ѓорѓиевски, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, води околу 3:1 во однос на второпласираниот кандидат.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека освоиле 550 советнички места во општинските совети, а од друга страна СДС има 230 советнички места, или 2,5 пати помалку.

„Историскиот резултат од овие избори, покажува дека граѓаните го направија вистинскиот избор за секое, маало, за секоја општина, за државата да продолжи да се движи напред. Оваа историска победа и доверба од граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ и за избраните градоначалници и советници, претставува чест, но и обврска да продолжи посветената работа за развој и напредок на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ31 минута

Триесет милиони денари, три стана, земјиште и возила: замрзнат имот во Србија и Македонија на осомничен за злоупотреби во РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, упати итно барање...

Македонија43 минути

Арсовска со реакција за фотографијата на Ѓорѓиевски, Меџити и Бакиу: Нека ви се честито дивоградбите, убаво сте излезени на сликава важно

Екс градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, со реакција на социјалните мрежи за заедничката фотографија на кандидатот за градоначалник на...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДСМ 230 советника, што е помалку за 166

„ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори. Со 50% подобар резултат од 2021 година каде што имавме 22 градоначалници во...

Свет3 часа

Прва жена премиерка на Јапонија – сака хеви-метал, свири на тапани, се спротивставува на истополовите бракови

Конзервативката Санае Такаичи ќе стане првата жена премиерка на Јапонија откако вчера беше изгласана во парламентот. Ова е историски момент...

Свет3 часа

Хили: Од крајот на Втората светска војна европската безбедност не била во ваков ризик од конфликт

Велика Британија е подготвена да потроши „начително повеќе од 100 милиони фунти (115 милиони евра) за евентуално распоредување британски сили...

Свет3 часа

Поранешен амбасадор на САД: Путин го изигра Трамп, самитот во Будимпешта е стапица

Поранешен американски дипломат изрази сериозни сомнежи во врска со најновите напори на Белата куќа да посредува за завршување на војната...

Свет3 часа

Саркози од денес во затвор

Поранешниот француски претседател Никола Саркози беше дискретно пречекан во Елисејската палата од страна на сегашниот претседател Емануел Макрон во петокот...

Македонија17 часа

Најголема победа во првиот круг има Јане Мицевски во Сопиште со освоени 80,2% од гласовите, вети нов резервоар за вода

Кандидатот за градоначалник на Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски, извојува најголема победа во првиот круг на овие локални избори со...

Македонија20 часа

Мециновиќ: Скопје се разбуди, надежта ќе ја претвориме во реалност во вториот круг

Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Левица кој влезе во вториот круг на Локалните избори им се заблагодари на граѓаните...

Македонија21 час

Не сум фокусиран на противникот затоа што противник и немам, тука сум за народот, вели Ѓорѓиевски и најавува посилно темпо

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој наспроти очекувањата, не победи во прв круг, вели дека уште...

Македонија21 час

(Видео) Николоски: Победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг во 33 општини, оставка од Филипче

Македонија е обoена во црвено. ВМРО-ДПМНЕ ја има убедливо најголемата победа на локални избори до сега, било кога видена во...

Македонија1 ден

Втор круг во Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари, шест скопски општини добија градоначалници во првиот круг

Граѓаните во шест скопски општини веќе избраа градоначалници во првиот круг – Бутел, Чаир, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров...

Македонија1 ден

Шукова: Резултатот не е оној што го посакувавме, сепак се гордеам со кампањата што ја водевме

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, се огласи на социјалните мрежи откако вчера не успеа да...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ доминира во Советот на Град Скопје со 18 мандати, Левицата, „Влен“ и ДУИ имаат по 6

ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови во Советот на Град Скопје, вкупно 35,15 отсто, или 81.649 гласови. Со тоа, бројот на...

Топ1 ден

Го удирал со дрвена ногарка по главата, а потоа легнал да спие и го оставил брата си да лежи во крв: 37-годишник осомничен за обид за убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека...

Македонија1 ден

СДСМ по изборите: Oстануваме втора најсилна партија, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ имаат пад на поддршката

По обработени 99 отсто од гласовите, од СДСМ соопштија дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицискиот партнер ЗНАМ, забележала голем пад...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ добива 32 градоначалника во првиот круг, „Влен“ зад нив со победа во пет општини

ВМРО-ДПМНЕ е убедлив победник во првиот круг од локалните избори, со освоени 32 општини, покажуваат утрово податоците објавени на страната...

Европа1 ден

Зеленски: Украина нема ништо да му подари на агресорот и нема ништо да заборави

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина „ниту ќе ѝ даде ниту ќе ѝ заборави“ нешто на Русија најавувајќи зајакнување...

Свет1 ден

(Фото) Огромно парче запален отпад откриено во пустина во Австралија: најверојатно е вселенски отпад

Огромно парче запален отпад откриено во пустината Пилбара во Западна Австралија најверојатно е вселенски отпад што повторно влегол во атмосферата...

Свет1 ден

(Видео) Товарен авион „боинг 747“ се излизга од пистата во морето во Хонг Конг, двајца мртви

Товарен авион од Дубаи се излизга од пистата во морето при слетувањето на Меѓународниот аеродром во Хонг Конг рано утрово,...