Црна хроника
Им дошле дома вооружени со метални прачки и ножови и ги претепале
Десетина непознати лица вооружени со метални прачки и ножови затропале на вратата на семејство во Струга, при што ги претепале мажот, жената и бабата.
Како што соопшти полицијата, во понеделникот, околу 22 во Струга, на ул. „Црн Дрим“ лицето М.А., нејзиниот сопруг Е.А. и нејзината свекрва З.А.. во својот дом, физички биле нападнати од Ф.Н. и околу десетина други непознати лица.
Додека М.А., Е.А., З.А., и нејзините четири деца гледале телевизија, слушнале дека некој тропа на вратата. М.А. отишла да ја отвори вратата каде стоел Ф.Н. со непознатите лица, кои во рацете држеле ножеви, метални шипки и други предмети. Во тој момент Ф.Н. без повод и причина ја удрил М.А. со шлаканица и тупаница во пределот на лицето и телото, а потоа заедно со останатите лица влегле внатре каде ги нападнале З.А. и Е.А..
По кратко време сите учесници продолжиле да се тепаат во дворот пред куќата, каде Ф.Н. со метална шипка го удрил Е.А. во пределот на главата кој паднал во безсознание.
Дел од учесниците биле префрлени во Медицински центар, каде им биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
24-годишник ја претепал мајка му во Охрид
Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја истепала мајка си: уапсена 35-годишна жена од Охридско
На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена.
Полицијата постапила по претходна пријава дека таа физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет.
Според МВР, по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
12-годишно дете повредено во Центар – напаѓачот му го оштетил велосипедот
Во полицијата е пријавен напад врз 12-годишно дете што се случил на 11 ноември, околу 15:50 часот, во скопската општина Центар.
Според пријавата поднесена од Г.М. (39) од Скопје, неговиот син бил физички нападнат од лицето Б.Љ., кое по нападот со остар предмет му нанело расекотина и му го оштетило велосипедот.
Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.

