Црна хроника
Инкасатор од Водовод нападнат од куче на улица во Радишани
Во текот на вчерашниот ден, во полициската станица Чаир, вработен во „Водовод и канализација“ пријавил дека на улица „46“ во село Радишани бил нападнат од куче додека извршувал работни задачи, односно отчитувал водомер.
Како што информира МВР, инкасаторот изјавил дека кучето го каснало повеќе пати во пределот на десната нога. За време на случката бил присутен и сопственикот на кучето, кое било без ланец и заштитна маска.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја тепал со тупаници па ја задавил вонбрачната партнерка: обвинение против 33-годишник за убиство при семејно насилство во Штип
Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт против 33-годишник против кого се спроведуваше истрага за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Во текот на истрагата се обезбедија докази според кои обвинетиот на 1 ноември, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.
Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на ЈП Исар за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија, по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и започнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој започнал силно да ја стега во пределот на вратот додека не дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот, како резултат на што жената починала.
Кога се уверил дека не дава знаци на живот тој го напуштил местото и сам се пријавил во полициска станица.
Јавниот обвинител до Основниот суд во Штип достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Црна хроника
Кучиња скитници искасале две лица во Скопје
Ноќеска во 22.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.Ќ.(19) од Скопје пријавила дека на ул.„Никола Киров -Мајски“ во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, Т.Д.(72) од Скопје пријавил дека на ул.„Лондонска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
20-годишник тешко повреден: со возилото излетал од патот
Во Полициската станица Радовиш вчера во 12.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица, кај с.Калуѓерица, патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.М.(20) од с.Оризари, кочанско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.