Црна хроника
Инспектори нападнати откако заплениле тутун и цигари на пазар во Тетово
Инспектори од Државниот пазарен инспекторат биле физички нападнати додека вршеле акција за одземање тутун и цигари кои нелегално се препродавале од улични продавачи на Зелениот пазар во Тетово.
На 21.02.2020 на улица Маршал Тито во Тетово, откако дел од запленетата стока внеле во нивните службени возила, почнале да се собираат пазарџии и продавачи, меѓу кои и тројцата пријавени лица кои ги спречувале во извршувањето на нивната акција, упатиле закани и навреди со цел да им ја одземат запленетата стока, а потоа, со употреба на физичка сила, ги блокирале службениците и нивните службени возила. Притоа, третопријавениот физички ја нападнал оштетената М.П.Г., додека прво и второпријавениот насилно ја одзеле целокупната запленета стока од службените возила на Државен пазарен инспекторат.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против A.С.(40) од с.Горно Палчиште, Тетовско, Н.М.(55) од с.Селце, Тетовско, и Б.З. (60) од Тетово, поради „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.