Црна хроника
Истрага за двајца скопјани, фатени се како кријат дрога во подземна гаража
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредби за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Кај првиот осомничен, на 21 јуни била откриена наркотична дрога – кокаин со вкупна нето маса од 347,09 грама, која била спакувана во повеќе помали пакувања и наменета за неовластена продажба. Дрогата ја чувал во домот и над цевки во близина на подземната гаража во зградата во која престојувал на улицата „Никола Русински“ во Скопје.
На 25 јуни, пак, при претрес во зградата во која престојувал вториот осомничен, на улицата „Методија Шаторов Шарло“, полициските службеници пронашле 904,2 грама наркотична дрога марихуана. Дрогата осомничениот ја чувал скриена под церада на мотор паркиран во гаража во подрумските простории на зградата.
За двајцата осомничени јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за определување мерка притвор, бидејќи оцени дека постојат законски основи да се обезбеди нивното присуство во текот на постапката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари
МВР информира дека вчера по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје го уапсиле 32 годишниот Б.М. од Штип.
При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага.
„Лицето е задржано во полициска станица и во текот на денот со кривичната пријава ќе биде предаден на судија на претходна постапка за понатамошно постапување“, соопштија од полицијата.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.