Црна хроника
Расчистена кражба на уметнички слики, предложен притвор за едно лице
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 33 години осомничено дека сторило продолжено кривично дело тешка кражба казниво според Кривичниот законик.
Осомничениот, на 26 и 27 јуни, двапати влегувал во книжарница на улицата Ѓуро Стругар во Скопје, од каде што противправно одзел 16 уметнички слики, со вкупна вредност од 984.000 денари.
На 26 јуни, во раните утрински часови, со употреба на погоден алат и физичка сила, тој го скршил катанецот на задната влезна врата на книжарницата и од ѕидовите откачил и зел 6 уметнички слики од уметникот Павле Кузмановски. Настанот бил пријавен и биле преземени полициски дејства на самото место за откривање сторител. Меѓутоа, осомничениот следниот ден на сличен начин го скршил катанецот на предната врата и од книжарницата одзел уште 10 уметнички слики од истиот автор.
Oценувајќи дека постои опасност од бегство на лицето, како и веројатност тој да го повтори делото, особено затоа што се работи за лице што и претходно е осудувано за ист тип кривични дела во земјата, но и во Германија, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Почина 14-годишно момче во Битолско: му се слошило и паднало
Вчера во 16.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 15.30 часот во атар на село Крстоар, Битолско, на 14-годишно момче од Битола му се слошило и паднало по што било пренесено во Клиничка болница – Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство“ – информираат од полицијата.
Надлежните извршиле увид на лице место, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатото момче е дадено на обдукција, со цел да се утврди причината за смртта.
Црна хроника
На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра: Драма во Скопје
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ј.(40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „изнуда“.
На 13.10.2023 пријавениот, заедно со уште едно лице, со употреба на сила го внеле В.М. во патничко возило.
Mу одзеле накит и 2.500 евра, а потоа го присилиле да земе мобилен телефон од мобилен оператор на свое име и да му го даде на пријавениот.
Црна хроника
Со четирицикл излетале во провалија: Несреќа на Шар Планина
Вчера во 15.45 часот во СВР Тетово, С.У. пријавил дека на патот од локалитетот Лешница кон Попова Шапка неговите пријатели со четирицикл паднале во провалија и не одговарале на неговите повици.
Полициски служби излегле на местото и во близина на бачилото ги затекнале С.У. и повредените Ф.Ф.(24) и С.С.(23) од Тетово и ги однеле до Попова Шапка, од каде со амбулантно возило биле пренесени во Клиничка болница Тетово, каде што им биле констатирани телесни повреди.