Црна хроника
Исчезна петгодишно девојче

Татко пријавил дека доцна во вторникот исчезнала неговата петгодишна ќерка.
Како што соопшти полицијата, во средата во ЕИК се јавил Д.К. и пријавил дека на 21.03.2017 година околу 23.00 часот од домот во непознат правец се оддалечила неговата петгодишна ќерка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На малолетници во кафуле во Охрид им бил точен алкохол, полицијата ќе поднесе кривични

Вчера, при контрола извршена во угостителски објект лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека Ж.Ј.(64) од Охрид, управител на објектот и М.Ц.(33) одговорното лице во објектот, од охридското село Велгошти, на 16 малолетници им овозможиле користење алкохолни пијалоци.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени пријави за сторено кривично дело „Точење алкохолни пијалоци на малолетни деца“, согласно чл.204 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Случајни минувачи на кеј „Македонија“ во Охридското езеро забележале неексплодирана бомба

Вчера во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец: бил баран по потерница за издржување казна затвор

Вчера во 20.15 часот на улицата „Мице Козар“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода 33-годишниот Н.А. од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од 16 месеци.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржувањена казната.