Црна хроника
И ја кршел колата на сопругата, брачна кавга во Аеродром
Вчера во 11.30 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека на 29.07.2024 околу 22.40 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот сопруг И.Ц.(39) ѝ упатил закани и со тврд предмет го оштетил нејзиното патничко возило, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во полицискиот билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со остар предмет се заканувал на мајка си и искршил дел од покуќнината: притвор за 43-годишник од Свети Николе
Вчера во 12:15 часот полициски службеници од ОВР Свети Николе, лишија од слобода 43-годишник од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава од неговата мајка, дека во двор од семејниот дом, со остар предмет и упатил закани и искршил дел од покуќнината.
Против лицето е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од страна на судија од Основен суд Свети Николе му е одредена мерка притвор во КПУ Затвор Куманово.
Црна хроника
Изгоре „пасат“ на граничниот премин „Ќафасан“: нема повредени
Вчера во 15.20 часот, во патничко возило „пасат“ со дебарски регистарски ознаки, кое било во колона за влез во државата, на граничниот премин „Ќафасан“, избувнал пожар, извести СВР Охрид.
Повредени лица нема, а возилото, сопственост на Ф.Ф.(34) од Дебар, било веднаш отстрането од колоната и со противпожарен апарат било спречено натамошно ширење на пожарот.
Црна хроника
Уапсени тројца скопјани: кај нив пронајдени книги, сопственост на Државниот архив на РСМ
На 06.01.2026 во 04:45 часот на крстосницата од булеварот „Партизански Одреди“ со улицата „Московска“ во Скопје, полициски службеници ги лишија од слобода Е.Д.(18), Х.Е.(19) и 17-годишник, сите од Скопје.
По претходно добиени сознанија, било сопрено патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. и по извршен преглед на возилото, биле пронајдени и одземени книги, сопственост на Државен архив на РСМ. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

