Црна хроника
Казна за охриѓанец кој шетал низ градот за време на полицискиот час
Основното јавно обвинителство Охрид поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија според член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот се товари дека вечерта на 26 спроти 27 март, за време на полицискиот час, се движел низ Охрид и со тоа не ја почитувал одлуката за забрана и посебен режим на движење донесена како мерка за сузбивање и спречување на заразната болест Ковид-19.
Охридското Обвинителство побара од Основниот суд Охрид да определи парична казна за обвинетиот во износ од 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

