Црна хроника
Казнети 109 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.7.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, четири мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, две санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Пукање во Штип, едно лице е повредено

Едно лице е повредено во пукање што се случило вчера вечер во кафуле на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.
Според првичните информации од полицијата, повредениот е префрлен во болницата во Штип.
„Вчера околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Црна хроника
Полицијата фати на дело крадци во поранешна Железара

Скопската полиција на дело фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара.
Според информациите на МВР, на 7 мај во 01.00 часот во кругот на поранешна фабрика Железара, полициски службеници ги уапсиле Ф.З.(30) од скопско, А.Х.(24) од Скопје и Б.С.(33) од липковско.
По претходно добиени сознанија и преземени мерки, тие биле затекнати при вршење кривично дело. Имено, лицата подолг период вршеле кривични дела во кругот на Железара и со огнено оружје се заканувале кон вработените.
Во Полициската станица Гази Баба бил извршен службен разговор со лицата и во содејство со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка, додека од судија на претходна постапка на тројцата им е изречена мерка притвор од осум дена и биле спроведени во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
Црна хроника
Понудил поткуп: лишен од слобода албански државјанин на граничен премин Блато

Утрово во 09.15 часот на Граничен премин Блато, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато при Регионалниот центар за гранични работи Запад го лишија од слобода Д.А.(30) од Република Албанија.
На граничниот премин, за влез во државата, тој допатувал со патничко возило „фолксваген шаран“ со албански национални ознаки, во кое превезувал уште четири албански државјани, при што во личните и сообраќајните документи ставил пари, кои биле пронајдени од полицискиот службеник кој вршел гранична контрола.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.