Црна хроника
Казнети 124 возачи во Центар и Илинден, 17 од нив возеле под дејство на алкохол
Полицијата во текот на вчерашниот ден (30 јануари) спровела засилени сообраќајни контроли.
Како што информираат од МВР, на териториите на скопските општини Центар и Илинден изречени биле вкупно 124 мерки, од кои 11 за брзо возење, 20 за возење без возачка дозвола, 4 за нерегистрирани возила, 17 за возење под дејство на алкохол и 6 за минување на црвено.
Од МВР нагласуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетници со нож ограбиле дете во центарот на Скопје
Вчера во 20.30 часот во СВР Скопје, Е.В. од Скопје пријавила дека околу 18.50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, четири малолетници со закана од остар предмет од нејзиниот малолетен син одзеле пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Лажен полицаец измамил скопјанка, па и зел 3.200 евра
Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 3.200 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.
Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзиниот зет сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Четири малолетнички истепале познаничка, настанот го снимиле и го споделувале на социјалните мрежи
Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје, Н.Б.(42) од Скопје пријавил дека на 24.01.2025 во период од 21.00 до 22.20 часот на подрачјето на Центар, неговата малолетна ќерка во два наврати била физички нападната од четири малолетнички, кои ги познавала, а настанот бил снимен со мобилен телефон и споделуван на социјални мрежи.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.