Црна хроника
Казнети 138 возачи во Скопје, 56 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.5.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкција, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Разбојник заврши во притвор, со пиштол ограбил банка во Скопје
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во 13.45 часот го лишиле од слобода М.К. (31) од Скопје осомничен дека на 04.06.2024 во 11.50 часот извршил кривично дело разбојништво односно со закана со пиштол кон вработените во експозитура на банка во Скопје, одзел пари.
Како што соопштија од МВР, извршен е и претрес во домот на М.К., а против него е поднесена кривична пријава по брза постапка, по што од страна на надлежен судија му е одреден притвор од 30 дена.
Црна хроника
Кумановец со уцени и закани изнудил 16.000 евра од жена
Во Куманово е приведен 37-годишен маж кој со уцени и закани изнудил 16.000 евра од негова сограѓанка и од нејзиниот сопруг.
Вчера во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.М.(37) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на 47-годишна жена од Куманово и нејзиниот 49-годишен сопруг и дека од декември 2022 година до 13.06.2024 со уцена од жената изнудил околу 16.000 евра.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Син ја тепал 60-годишната мајка
Пред два дена во 23.00 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ѓ.С.(27) од Радовиш, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 60 – годишна мајка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.