Црна хроника
Казнети 167 возачи во Скопје, 32 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.4.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за непрописно престројување на возила.
Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, 11 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
МВР со детали за сообраќајната несреќа кај „Дајмонд“: 27-годишната скопјанка со повреди пренесена во болница

Вчера во 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин и сервисна улица која води од булеварот кон катна гаража „23 Јули“ во Скопје, патничко возило „сеат алхамбра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(21) од село Никуштак, општина Липково, удрило во пешакот Т.С.(27) од Скопје.
Во незгодата со телесни повреди се здобила Т.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Возило удри во велосипедист и побегна

Вчера околу 14.35 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“, удрило во велосипед, управуван од А.А.(55) од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во незгодата со телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Приведено лице од скопско, возел со 1,88 промили алкохол

Вчера во 19.00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода О.Ј.(47) од с.Стајковци, скопско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,88 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.