Црна хроника
Казнети 169 возачи во Скопје, 32 возачи на мотоцикли
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.8.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на Град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкциja, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, седум мерки за нерегистрирани возила, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци, пет санкции за возач почетник…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со џип му го пресекол патот и му се заканувал со пиштол: драма во Скопско
На 29.01.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Н.М.(43) од с. Долно Свиларе, скопско, пријавил дека околу 11:15 часот во с.Долно Свиларе, додека се движел со патничко возило, му бил пресечен патот од возило „џип“, управувано од Р.Н..
Тој излегол од возилото и му се заканувал со пиштол на пријавителот.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Со остар предмет им се заканувал на снаата и синот па искршил дел од покуќнината
Утрово во 03:50 часот полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Ш.(65) од Скопје.
ПОлицијата постапила по претходна пријава од неговата 58-годишна снаа дека на 29.01.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом во Скопје, тој по претходна вербална расправија, со остар предмет упатил закани кон неа и нејзиниот 30-годишен син, а потоа искршил дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.
Црна хроника
Изнајмил возило на три дена, платил само за првиот и не му го вратил автомобилот: кривична за стружанец
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.К.(38) од струшкото село Делогожда.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „затајување“.
Делото го сторил на 28.12.2025 година кога од Е.Џ. од Струга, изнајмил патничко моторно возило за времетраење од три дена, му извршил уплата само за првиот ден и возилото не му го вратил.
Со тоа, пријавениот го оштетил Е.Џ. за сума од 240.000 денари.

