Црна хроника
Казнети 206 возачи во Скопје: 59 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.2.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за возење под дејство на алкохол…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Лекар, адвокат и уште четири лица учествувале во измама со лажирање на повреди од сообраќајки во Македонија
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Б.(52) од Тетово, А.П.(39) од Скопје, А.Љ.(30), С.А.(48) од Гостивар, со место на живеење во Тетово, Д.А.(25) од Тетово, Е.Ј.(34) од Тетово, поради постоење основи на сомнение „помагање“ во врска со „измама“, а против И.Б. е поднесена и пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службена исправа“, а А.П. и за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „посебни случаи на фалсификување на исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Првопријавениот И.Б., во својство на лекар во Клинички центар Тетово, во 2021 година креирал медицински извештај со невистинита содржина за наводни телесни повреди настанати во сообраќајни несреќи на име на петтопријавениот Д.А. и шестопријавениот Е.Ј., а со цел обештетување на нематеријална штета од осигурителни компании. Второпријавениот А.П. во својство на адвокат изготвил полномошно без датум и потпис на пријавените А. и Ј. и без нивно присуство и согласност ги доставил до осигурителна компанија од Скопје за наплата на нематеријална штета во износ од 680.000 денари. Третопријавениот посредувал во доставувањето на фалсификуваната документација во адвокатската канцеларија на второпријавениот, а ги подигнал паричните средства во износ од 399.350 денари од филијала на банка во Тетово, пуштени на сметка на петтопријавениот. Четвртопријавениот, и покрај тоа што знаел дека се работи за фиктивна документација, му помогнал на шестопријавениот да ја обезбеди целокупната фалсификувана документација, а подигнал и парични средства во износ од 280.000 денари, пуштени на сметка на шестопријавениот. Петто и шесто пријавените, и покрај тоа што занеле дека не им следува нематеријално обештетување по однос сообраќајни незгоди, давале нивни лични податоци за реализирање на наведените инкриминирани дејствија, со што ја оштетиле осигурителната компанија за износ од 680.000 денари.
Црна хроника
Изгоре куќа во село Василево
Изгоре куќа во село Василево, откако избувнал пожар во 13:40 часот, информираа од ТППЕ Струмица.
Според информацијата од струмичките пожарникари во гаснењето на запалената куќа учествувале две против пожарни возила и 8 пожарникари.
Тие успеале да го локализираат и изгаснат пожарот и било спречено тој да се прошири и на соседните куќи и објекти и да предизвика уште поголема материјална штета.
Црна хроника
Силувана е жена од кривопаланечко село
Вчера во 11.10 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Р.Ѓ.(55) од кривопаланечко село, постапувајќи по претходна пријава дека извршил обљуба врз 50 – годишна жена од истото село.
Р.Ѓ. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.