Црна хроника
Казнети 24 моторџии бидејќи не носеле кацига
Во текот на изминатите денови на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 31 сообраќајна незгода од кои една со тешки телесни повреди, 13 со лесни телесни повреди и 17 со материјална штета, информира МВР.
Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 20 лица со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 216 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 80 возачи од кои: 29 возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 38 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило и 13 возачи затоа што бил возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 34 возила бидејќи 30 биле нерегистрирани и четири возила биле технички неисправни.
Санкционирани се 10 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца возачи поради неправилно престројување и 24 возачи поради неносење заштитен шлем (кацига). Санкциониран бил еден пешак кој поминал коловоз на пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 153 мандатни платни налози, додека 105 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

