Црна хроника
Казнети 392 возачи за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден (19.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 392 возачи. Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 248 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 144 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Вознемирувал жена од Центар за згрижени лица и нападнал полицаец
Вчера во 11:00 часот, полициски службеници од полициското одделение Сарај го привеле Х.М.(46) од Скопје, со престој во с.Чичино село, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека вознемирувал од 45-годишна жена од Центарот за згрижени лица во с.Чичино село.
Потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале мерки по пријавата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Дете искасано од улично куче во Долно Лисиче
Вчера во 18.35 часот во полициската станица Аеродром, М.Ѓ.(40) од с.Долно Лисиче, скопско, пријавил дека на место викано „Чатал“ во с.Долно Лисиче, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Возач со автомобил удри во велосипедист и тешко го повреди
Вчера во 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„531“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(56) од с.Марино, удрило во велосипед управуван од Д.Ј.(66) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.