Црна хроника
Казнети 80 возачи на мотоцикли во Скопје
Денеска од 10.00 до 18.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 80 возачи. Од нив, 45 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 25 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прегазен пешак во Куманово: пренесен во болница со тешки повреди
Синоќа околу 19.50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 27-годишната Н.Т. од Куманово удрило пешакот О.А.(46) од с.Тромеѓа, кумановско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Го лажел дека е вработен во суд и дека ќе помогне синот да му биде ослободен од притвор: кривична за скопјанец
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.З.(41) од с.Бојане, скопско.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Имено, во текот на мај 2025 со лажно прикажување на факти, пријавениот довел во заблуда едно лице дека е вработен во суд и дека за одреден износ ќе му помогне неговиот син да биде ослободен од притвор.
Откако изготвиле жалба кај адвокат по притворот, во три наврати му биле исплатени 7.750 евра, но договореното не било исполнето.
Црна хроника
Мигрант од Кина загина кога „мерцедес“ со српски ознаки излета од патот Валандово – Дојран
Утрово околу 04:20 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Валандово – Дојран, товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со српски национални ознаки, управувано од С.М.(52) од Србија, излетало од коловозот.
Од здобиените повреди, на местото починало женско лице-мигрант од Кина, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено за обдукција. Со повреди се здобиле уште седум лица-мигранти од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката.
Возачот С.М. е задржан во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување помош. Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, изврши екипа од ОВР Гевгелија.

