Црна хроника
Казнет 91 возач за возење под дејство на алкохол

Во текот на изминатата вечер (16./17.07.2022) во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 91 возач. Од нив 53 на територија на СВР Битола, осум на територија на СВР Велес…
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Бегалец баран со меѓународна потерница приведен на ГП „Блато”

На граничниот премин „Блато” на македонско – албанската граница кај Дебар, приведен е албански државјанин баран со потерница од Интерпол Италија.
-Синоќа, во 22.05 часот на Граничен премин „Блато”, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Џ.С.(29) од Република Албанија. При гранична проверка е констатирано дека се бара од Интерпол Италија, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.
Додаде дека лицето Џ.С. е предадено во полициската станица Дебар за понатамошна постапка.
Во рамки на засилените контроли на овој премин, на кој за неколкупати е зголемена фреквенцијата на патници и возила, пред два дена беше приведен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка.
Димоски, исто така информираше дека вчера во16 часот во ОВР Дебар е пријавено дека на улица „Веби Дибра“ во Дебар, Р.Ф.(52) од Дебар го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз И.П.(41) од Скопје. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ќерка ја тепала мајката во семејниот дом во населба Илинден

Вчера во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле А.Р.(43) од село во општина Илинден затоа што во семејниот дом агресивно се однесувала и физички ја нападнала својата мајка.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Ја тепал сопругата со која се разведувал

Вчера во 22.20 часот, полициски службеници од полициската станица Виница го лишиле од слобода Г.Ј.(40) од Виничко, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга со која е во бракоразводна парница.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.