Црна хроника
За еден ден казнети над 500 возачи за брзо возење на територијата на државата
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 501 возачи.
Од нив, 67 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, додаваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена претепана од сопругот во Драчево, и го искршил и возилото
Синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 17.30 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Т.(43) од Скопје, кој потоа го оштетил нејзиното возило.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Се запали една од просториите на Поликлиника Чаир, нема повредени
Вчера во 07.35 часот во СВР Скопје, од Поликлиниката Чаир било пријавено дека настанал пожар во една од просториите во установата.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Нападната прилепчанка во скопски Аеродром: и ја украле чантата со пари и документи
Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје, Љ.С.(28) од Прилеп пријавила дека на 10.01.2025 околу 23.08 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата со документи, пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.