Црна хроника
Казни за 123 возачи во Скопје, 17 возачи на мотоцикл

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 17 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за користење мобилен телефон при возење.
Изречени се три мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Десетгодишно дете тешко повредено, паднало од електричен тротинет во Гостивар

Вчера во 19.54 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар, 10-годишник од Гостивар, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
Црна хроника
Две и полгодишно дете тешко повредено во сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и четирицикл

Две ипол годишно дете кое се превезувало на четирицикл е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Зелениково-с.Страхојадица.
Во несреќата учествувале патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(56) од с.Дејковец, скопско и четирицикл управуван од С.М.(28) од с.Стахојадица, општина Зелениково.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на четирициклот и две ипол годишно дете, сопатник на четирициклот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена во двор во Нов Дојран

Вчера во Полициското одделение Нов Дојран, Ж.К.(65) од Скопје пријавил дека околу 17.30 часот во дворно место од неговата викенд куќа во Нов Дојран пронашол експлозивна направа.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Штип ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за неексплодирана граната калибар 70мм која потекнувала од Првата светска војна.