Црна хроника
Казни за 137 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои 25 санкции за непочитување на брзината на движење, 14 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за поминување на црвено светло на затворен семафор, осум мерки за користење мобилен телефон.
МВР со најава дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за безбедност во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тинејџер од Битола му се заканувал на 34-годишник – изнудил експлицитни фотографии претставувајќи се како жена, па барал пари

Полицијата приведее 16-годишник од селото Бистрица, битолско, кој во повеќе наврати уценувал 34-годишен маж од Битола.
Му се заканувал дека доколку не му даде пари ќе објави експлицитни фотографии што ги добил од него претставувајќи се со лажен женски идентитет.
Тинејџерот е приведен во полициска станица Битола, а парите се пронајдени кај него. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ограбена жена на улица среде бел ден во Центар

Крадци нападнале и ограбиле жена на улица на подрачјето на центарот на Скопје.
Според информациите на МВР, вчера во 16.30 часот во СВР Скопје, Н.Ѓ.(38) од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице ѝ го попречило патот, а друго лице физички ја нападнало, при што ѝ одзело личен накит.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Татко пријавил дека малолетник извршил обљуба врз син му во Карпош

Татко пријавил дека малолетник извршил обљуба врз неговиот 14-годишен син на подрачјето на скопската населба Карпош.
Според информациите на МВР, вчера во 20.00 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж од Скопје пријавил дека на 12.05.2025 на подрачјето на Карпош во Скопје, еден малолетник со закана и употреба на сила извршил обљуба врз неговиот 14 – годишен син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.