Црна хроника
Казни за 173 возачи во Скопје, 71 за брзо возење

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 173 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 71 санкција, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 29 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти полицијата.
Биле изречени четири казни за користење мобилен телефон, девет санкции за возење под дејство на алкохол, пет за нерегистрирани возила.
Засилените акциски контроли продолжуваат, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Патници натепале таксист во возило

Вработен во такси компанија синоќа бил физички нападнат од патник во неговото возило и од неговите пријатели, по претходна расправија пред угостителски објект на подрачјето на Ѓорче Петров.
-Во СВР Скопје, вчера 23:15 часот Ѓ.П. (41) од Скопје пријавил дека во 22:40 часот пред угостителски објект на подрачјето на Ѓорче Петров, вработен во такси компанија, по претходна расправија, бил физички нападнат од патник во неговото возило и од неговите пријатели, информираат од МВР.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Во возило откриени 15 мигранти од Египет и Сирија

Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија се пронајдени синоќа во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија Пат“, од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица, информираат од МВР.
Како што информираат од МВР лицата биле предадени во Прифатно-транзитен центар Винојуг, Гевгелија.
-Денеска во 00:30 часот на регионален пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија Пат“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица забележале патничко возило „мерцедес“ со француски национални ознаки, во кое се превезувало мигранти и кое не застанало на знак за запирање даден од полициските службеници. Набргу, возилото запрело, по што возачот го напуштил местото, а при преглед во возилото биле пронајдени 15 лица-мигранти, од кои 12 од Египет и три од Сирија, се вели во соопштението од МВР.
Од МВР информирата дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дрвокрадци фатени во Старо Нагоричане, се обиделе да избегаат и прегазат полицајци

Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода две лица од Куманово, откако претходно не им дозволиле да извршат контрола на камион натоварен со огревни дрва, физички ги нападнале, а потоа се обиделе да ги прегазат со возилото.
Инцидентот, како што информираат од МВР, се случил вчера во 22:30 часот кај село Макреш, Општина Старо Нагоричани.
-На 23.08.2025 во 22:30 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Т.Ј.(27) и Б.Ј.(46) од Куманово. Имено, во с.Макреш, општина Старо Нагоричане, полициски службеници забележале паркирано товарно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, до кое биле двете лица. Притоа, Т.Ј. и Б.Ј. не дозволиле на полициските службеници да извршат контрола на возилото, физички ги нападнале кога се обиделе да ги спречат да избегаат од местото, а откако влегле во возилото се обиделе да ги прегазат со возилото поради што полициските службеници испукале неколку предупредувчки куршуми во воздух. По преземени мерки, лицата биле пронајдени, а било пронајдено возилото со дрвата, стои во соопштението од МВР.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.