Црна хроника
Килограм чист кокаин најден во Велес
Полицијата вчера во Велес при претрес пронашла еден килограм кокаин. Поднесена е кривична пријава за три лица за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
-На 29.11.2024 во 18.45 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода Д.С.(43) и Р.С(33), двајцата од Велес. При претрес во домот на С.Т.(49) од Велес, извршен од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и Отсекот за општ криминалитет при СВР Велес, по претходно издадена наредба од Основен суд Велес, во присуство и на адвокат, каде биле затекнати и Д.С. и Р.С., биле пронајдени и одземени еден килограм кокаин, бела тврда материја, течност со остатоци од бела прашкаста материја, гасен пиштол “зораки”, вага и прибор за приготвување на наркотични дроги и други предмети. Д.С. и Р.С. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по насоки на јавен обвинител на лице место се обезбедува С.Т., поради здравствени причини, се наведува во соопштението од МВР.
Како што се наведува, извршено е вештачење во Одделот за форензички испитувања и против С.Т., Д.С. и Р.С. поднесена е кривична пријава по брза постапка за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, предвидено по член 215 од КЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пијан возач со 3,15 промили удрил во објект во Велес, па побегнал
На 24.01.2026 во 20:38 часот во СВР Велес е пријавено дека околу 20:30 часот на ул. „Партизанска“ во Велес, патничко возило „мазда“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(38) од Неготино, изгубил контрола и удрил во објект, при што го напуштил местото на настанот.
Подоцна на ул. „4 јули“ во Велес, возилото и Ј.С. се пронајдени и по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,15 промили алкохол во крвта, по што Ј.С. бил лишен од слобода.
Црна хроника
Откриена марихуана во автомобил на кумановец
Скопското обвинителство побара притвор за кумановецот во чиј автомобил беше пронајдена марихуана, соопшти денеска ЈОРСМ. Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Куманово, бидејќи постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
– Во автомобил со кој управувал осомничениот во Скопје полицијата пронашла околу пет килограми марихуана, спакувана во вакумирани најлонски ќеси ставени во куфер во багажникот, соопшти денеска ЈОРСМ.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
Татко ја претепал 16-годишната ќерка во семејниот дом
Полициски службеници од СВР Штип го привеле Т.Ј. (44) од Кочани, по претходна пријава дека физички ја нападнал својата 16-годишна ќерка, соопштија од полицијата.
Според пријавата, на 5 јануари 2026 година, во семејниот дом, Т.Ј. со употреба на тврд предмет ја нападнал неговата ќерка и ѝ го одзел мобилниот телефон.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

