Црна хроника
Контроли во угостителски објекти и обложувалници, приведено лице, констатирани 10 прекршоци
Денеска (19.11.2022) во периодот од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Охрид, СВР Куманово, СВР Штип, СВР Велес и СВР Тетово спроведоа акциска контрола во угостителски објекти за присуство на малолетници после 00.00 часот, како и точење алкохол на малолетници.
Притоа, на подрачјето на СВР Скопје била извршена контрола во пет спортски обложувалници, а на подрачјето на СВР Велес контролата била спроведена во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи.
При контролите било констатирано едно кривично дело по член 215 од Кривичниот законик и еден прекршок по член 80 од Законот за оружје, како и осум прекршоци по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и еден по Законот за лична карта.
На 19.11.2022 во 02.00 часот, при контрола во казино на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, од слобода бил лишен К.М.(41) од Тетово, кај кого била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Истовремено, во истото казино, кај лицето А.Ј.(24) од Тетово бил пронајден и одземен нож. Против него ќе биде поднесок по член 80 од Закон за оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

