Црна хроника
Крадци фатени при обид за кражба во фабрика за марихуана
Три лица се фатени на дело при обид за кражба во фабрика за производство на марихуана во Струмичко.
Според информациите, синоќа, во 23 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ново Село ги уапсиле Р. К. (23) од село Дрвош, Струмичко, С. Р. (21) и Б. А. (21) од Радовиш. Тие биле затекнати при обид да извршат тешка кражба во фабрика за производство на марихуана на местото наречено Добрава во близина на село Сушица, Струмичко.
Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица. По целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Скопје, пронајдена дрога
Вчера во 22:10 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 36-годишниот Р.Р. од Скопје.
При извршен претрес во неговиот дом и други простории во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, по добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Топ
(Видео) Сообраќајна несреќа во центарот на Скопје: Пешак удрен од автомобил пред гимназијата „Јосип Броз – Тито“
Во текот на вчерашниот ден на улицата „Димитрие Чуповски“ пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје се случи сообраќајна несреќа.
Според информацијата од МВР, пријавена е незгода меѓу патничко возило марка ‘хјундаи‘ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.М., и пешак О.Д. (51) од Скопје.
„Пешакот О.Д. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар за укажување на помош“, соопшти МВР.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Фото: Принтскрин
Црна хроника
Скопјанец повикан на службен разговор по пријава дека ја нападнал партнерката
Полициски службеници од Кисела Вода утрово извршиле службен разговор со М.Х. (22) од Скопје. Разговорот следел по пријава поднесена од неговата 22-годишна партнерка.
Според пријавата, на 17 ноември 2025 година околу 18:30 часот, во домот каде што престојувала на подрачјето на Бит Пазар, таа била физички нападната од пријавениот.
Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

