Црна хроника
Кривична за велешанец поради коментар на „Фејсбук“

Полицијата поднесе кривична пријава против В.Д.(61) од Велес поради „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
МВР во дневниот билтен информираше дека причина е коментар на „Фејсбук“ што го напишал велешанецот под објавен текст на интернет-портал.
Според информациите, лицето во коментарот промовирало и поттикнувало омраза и насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени две лица од Тетовско: возеле побргу од дозволеното

Вчера во 15.00 часот на регионален пат Тетово-село Јажинце, на влез за село Теарце, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 28-годишниот Е.А. од село Порој, тетовско, кој управувал патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 103 км на час на место каде максималната дозволена брзина е 50 км на час во населено место.
Додека, во 18.54 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај место викано „Студена вода“, полициски службеници го лишиле од слобода 35-годишниот С.Р. од село Ѓермо, тетовско, кој управувал патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки со брзина од 173 км на час на место каде каде дозволената максимална брзина е 100км на час, надвор од населено место.
Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Топ
Сообраќајна несреќа кај планинскиот превој „Пресека“: неколку повредени, меѓу нив и две деца

Вчера во 15.30 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај планинскиот превој „Пресека“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ф.К.Л.(53) од Франција и „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(42) од Куманово.
Во несреќата, возачот на возило „киа“ и сопатничката К.К.А.Е. (19) од Франција се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот на возилото „шкода“ и сопатниците С.К.(36) и две малолетни лица, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево.
Црна хроника
Семејно насилство во Кичево: се истепаа мајка и ќерка

Вчера во 17.05 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на регионалниот пат Кичево-Битола, по претходна расправија, настанал физичка пресметка помеѓу 36-годишната И.С. и нејзината малолетна ќерка, двете од Кичево.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.