Црна хроника
Кривична за директорот на битолски водовод, ја злоупотребил службената положба
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.М.(40) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.
Пријавениот, директор на ЈКП Водовод Битола, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што потребата од пополнување на систематизираните работни места не ја обезбедил преку јавен оглас, туку со ангажирање работници преку агенција за привремени вработувања по основ на зголемен обем на работа на определено време.
На тој начин тој постапил спротивно на чл.22 од Законот за работни односи и чл.20-а, 20-б, 20-в, 20-г, 20-д од Законот за вработени во јавен сектор.
Имено, во случајот работните места се испразнети, не се пополнети сите систематизирани, па според тоа не можел да ангажира лица од агенција за привремени вработувања.
Пријавениот, одредени вработени во континуитет ги овластил да извршуваат дополнителни работни задачи подолго од два месеци што е спротивно на чл.10 од Колективниот договор за комунални дејности, по што им исплаќал додаток на плата за работна успешност без притоа да бидат запазени критериумите утврдени во чл. 83 и 84 од Колективниот договор.
Пријавениот, исто така, несовесно постапил во извршувањето на своите должности и овластувања на тој начин што не обезбедил задолжителен видео надзор и физичко обезбедување во резервоарот на ЈКП Водовод кај м.в „Овчји Баир“ како објект од категорија која е од витално значење за безбедноста на здравјето и животот на граѓаните согласно чл.4 од Одлука на Владата за определување на правни лица кои се должни да имаат приватно обезбедување.
Во повеќе наврати за тоа му било укажувано и од страна на вработените во објектот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три лица повредени во сообраќајна несреќа на локалниот пат Куманово – с.Романовце
Вчера околу 15:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с.Романовце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(25) од Скопје и патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (29) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобиле С.М. и неговиот сопатник Ф.С., констатирани во Општата болница Куманово.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Скопјанец во дворот пронашол залутано зрно од огнено оружје
Вчера во 11.20 часот во СВР Скопје, Д.С.(73) од Скопје пријавил дека во дворот од семејната куќа на подрачјето на Драчево пронашол залутано зрно од огнено оружје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Црна хроника
35-годишен Кавадарчанец му се заканувал на градоначалникот на општината
Закани од 35 годишен Кавадарчанец добил градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Вчера во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.