Црна хроника
Кривична пријава за незаконит лов во Берово
Денеска во периодот од 06.00 до 14.00 часот од страна на полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи, Полициска станица Берово и претставник од ловното друштво „Дабевец” е спроведена акциска контрола за незаконит лов. При контролата, на место викано „Црвени брегови”, атар на Берово, Б.З.(67) е затекнат при вршење незаконит лов на тоа место за кое нема концесија, со ловечка пушка за која немал дозвола, со што сторил кривично дело по чл.396 од Кривичниот законик.
По насоки на Јавен обвинител, оружјето е одземено, а по целосно документирање на случајот, против Б.З. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци и за вршење незаконит лов од чл.228 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

