Црна хроника
Кривична пријава за охриѓанец: бесправно градел
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.А.(67) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
На катастарска парцела во Охрид,тој без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, извршил доградба на постоечки објект, по што е донесено решение за отстранување на градбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кавадарчанец повреден при работа во фабрика, пренесен е во болница
Вчера во Општата болница во Кавадарци со тешка телесна повреда бил донесен 34-годишниот А.М. од селото Ваташа.
Според пријавата, мажот се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во една фабрика на територијата на градот.
Веднаш по пријавувањето на инцидентот, биле известени јавниот обвинител и трудовиот инспектор. На местото на настанот увид извршила и увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Црна хроника
Маж се заканувал и ја тепал сопругата пред детето, МВР поднесе кривична
Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Делчево поднесе кривична пријава против 48-годишен маж од овој град, поради семејно насилство.
Тој се сомничи за „загрозување на сигурноста“, „телесна повреда“ и „насилство врз дете“.
Според информациите на полицијата, на 9 јануари 2026 година, во нивниот семеен дом, мажот се заканувал на својата сопруга. По заканите, тој физички ја нападнал жената. Целиот инцидент се случил во присуство на нивната малолетна ќерка, кај којашто нападот предизвикал страв и вознемиреност.
Црна хроника
45-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Скопје
Вчера во 08:37 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје бил пронајден починат П.Б.(45) од Скопје.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.
Надлежните информираат дека е извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје.

