Црна хроника
(Видео) Кривична против полицаец од Битола: уништил книги што му припаѓаат на ОВР Крушево
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против З.Н., полициски службеник во Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело одземање или уништување службен печат или спис, казниво по член 390 од Кривичниот законик.
„На 20.2.2024, во гаражата на ОВР Крушево, каде што биле одложени на чување службени материјали за чување во картонски кутии, зел дел од кутиите со службени материјали, меѓу кои имало и документи со одреден степен на класификација, и ги фрлил во приколка на ЈП „Комуна“, која во тој момент вршела редовно подигање смет, со што уништил книги или спис што му припаѓаат на државниот орган ОВР Крушево“, соопшти МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за пријавениот поднесе и предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплината и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.