Црна хроника
Кривична пријава за тројца наркодилери, членови на македонско-бугарска криминална организирана група
Полицијата до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против П.Т. (66) од Скопје, Б.Т. (36) и А. Т. (34), сите од Скопје, поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
П.Т. (66) е приведен денеска како дел од меѓународната криминалистичка истрага во рамки на која Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога, по повеќемесечна оперативна соработка со Одделот за борба против организиран криминал на Р Бугарија и во координација на SELEC (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа), сузбија македонско-бугарска организирана криминална група, при што на 10.2.2022 во Софија, Р Бугарија е откриена импровизирана нелегална лабораторија за производство на синтетички дроги.
Притоа, од слобода се лишени четири лица, од кои двајца македонски државјани. Б.Т. и А.Т. од Скопје. Кај лицата се пронајдени и запленети повеќе килограми амфетамин и други видови на хемиски супстанци и прекурсори. Истовремено на територијата на Република Северна Македонија при претрес на дом, пронајдени и одземени се прекурсори од II и од III категорија контролирани супстанци во Законот за прекурзори, кои се користат во нелегално производство на повеќе видови дроги, како и други хемиски супстанци неопходни за зголемување на масата на одредени дроги. Во текот на денешниот ден (30.03), на територија на РСМ приведен е и П.Т..
Б.Т. и А.Т. ,како дел од поголема меѓународна криминална група, а со цел стекнување на противправна имотна корист на територија на Р Бугарија (Софија) инсталирале нелегална лабараторија за производство на синтетички дроги амфетамин, метамфетамин и екстази и потоа неовластено произведената синтетичка дрога ја продавале на територија на Р Бугарија, а дел од истата транспортирале во РСМ, каде што била преземана од страна на П.Т. заради понатамошна продажба. Лицето лишено од слобода во текот на денешниот ден ќе биде изнесено пред судија на претходна постапка, за кого од страна на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК до Основниот кривичен суд во Скопје е поднесен предлог за одредување на мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
40-годишниот прилепчанец пронајден починат: трагично заврши потрагата по Виктор Илиоски
Семејството и пријателите преку социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата попладне.
„Син ми почина“, напиша мајката Роза во еден од коментарите на Фејсбук.
40-годишниот прилепчанец Виктор Илиоски, кого семејството го пријави дека исчезнал, попладнево е пронајден починат во кругот на болницата во Прилеп, соопшти МВР.
„Денеска (16.02.2026) во 16:00 часот во СВР Битола пријавено е дека во кругот на ГОБ Прилеп пронајден бил В.И. (40) од Прилеп без знаци на живот. Лицето на 15.02.2026 година било пријавено за исчезнато лице. Од Итна медицинска помош била констатирана смрт, известен е јавен обвинител по чија наредба телото е дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсени две жени од Грција, краделе козметика во трговски центар во Аеродром
Полицијата уапси две грчки државјанки, осомничени за извршена кражба во продажно место на подрачје на општина Аеродром.
Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција.
Тие се сомничат дека на 14.02.2026 во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во Трговски центар на подрачјето на општина Аердором украле повеќе козметички производи.
По целосно документирање на случјот, против двете ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанец ги нападнал мајка си и сопругата, жена насилно внесена во возило – четири случаи на семејно насилство во главниот град
Четири одделни случаи на семејно и партнерско насилство се регистрирани за еден ден во Скопје, при што во еден од инцидентите осомничен нападнал мајка и сопруга со остар предмет, а во друг 27-годишна жена била насилно внесена во возило и физички нападната од поранешниот партнер.
На 15.02.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од скопско пријавила дека на 14.02.2026 околу 21:00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.А., со кого се во бракоразводна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Истиот ден во 00:35 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Т.В.(55) од скопско, по претходна пријава дека на 14.02.2026 околу 22:30 часот во стан на подрачјето на Ѓорче Петров физички ја нападнал неговата 59-годишна сопруга. И за овој случај ќе следува соодветен поднесок.
На 15.02.2026 во 23:05 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена пријавила дека околу 21:00 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, со употреба на физичка сила била насилно ставена во патничко возило, при што била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Е.М.(33). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во четвртиот случај, на 15.02.2026 во 22:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Е.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговата 58-годишна мајка и неговата 30-годишна сопруга, при што употребил и остар предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

