Црна хроника
Кривична пријава против ексградоначалникот на Кавадарци
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Општина Кавадарци, Александар Панов, Ѓ.Ч.(58) управител на „Масон инженеринг“ дооел – Скопје и Љ.Ѓ.(63) управител на „Хидроградежен инженеринг“ доо – Скопје, поради постоење на основано сомневање за сторени кривични дела „Злоупотреба на службена должност и овластување“ и „бесправно градење“.
Како што се наведува во соопштението на МВР, Панов кривичните дела ги сторил во периодот од 2014 до 2016 година на тој начин што како градоначалник на општина Кавадарци, ја злоупотребил својата службена положба и овластување во врска со градба на модуларна паркинг/катна гаража на ул,, 1 Мај,, во Кавадарци на земјиште сопственост на Република Северна Македонија иако знаел дека за таквата градба нема одобрение за градење издадено од надлежен орган и е исплатена висока фактура за модуларен објект, катна гаража, со што направил вкупна материјална штета на буџетот на општина Кавадарци во вкупна вредност од 29.773 961 денари.
Второпријавениот кривичните дела ги сторил во периодот од 2014 до 2016 година година злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување како одговорно лице во „Масон инженеринг“ дооел Скопје и во својство на изведувач, изведувал градба на земјиште соственост на Република Северна Македонија иако знаел дека предметната градба нема одобрение за градење издадено од надлежен орган
Третопријавениот, кривичното дело го сторил во периодот од 2014 до 2016 година на тој начин што, ја злоупотребил својата службена положба и овлстување и како одговорно лице во својство на стручен технички надзор на изградба на градежни работи, вршел надзор над градба иако знаел дека предметната градба нема одобрение за градење издадено од надлежен орган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Кучевиште
Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара.
Во несреќата учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од с.Кучевиште, скопско.
На местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „форд“ В.П., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ Ж.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, а извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Пијан 36-годишник од Кичево се однесувал агресивно во казино, двајца охриѓани се истепале во друго казино
Рано утрово, во 04:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на улицата „Абас Емин“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.У.(35) и М.„Н“, двајцата од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, извести СВР Охрид.
Исто така ноќеска во 03:10 часот на улицата „Тане Цалески“ во Кичево, полициски службеници го приведоа 36-годишниот Р.С. од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во казино во Кичево агресивно се однесувал кон вработените. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,06 промили алкохол во крвта. Тој е спроведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.

